Парите му удрија во глава: Оскар со изјава ги шокираше сите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот Оскар го засили Шангај неодамна. Овој тим на Челси му плати 60 милиони евра за неговите услуги, а по се изгледа дека 25-годишниот играч го удрија парите во глава, бидејќи смета дека кинеските тимови може да се борат против англиските.

Тој со изјава ги шокираше сите кои ја сакаат ПЛ.

„Премиер лигата се игра на високо ниво и во неа има некои од најдобрите фудбалери во светот, но и кинеските клубови се многу добри. Ако продолжат вака ќе бидат подобри од англиските тимови.“

Покрај Оскар во тимот ќе гледаме имиња како Карлос Тевез, Аксел Витсел, како и Паулињо, Фреди Гуарин, Џексон Мартинез и многу други.