Официјално: Макелеле се врати во Премиер Лигата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Клод Макелеле денеска се врати во најсилната лига на светот. Тој е во стручниот штаб на Свонси!

Пол Клемент е тренер на Свонси, тие заедно работеа во Челси од 2007 до 2009, а потоа и заедно во стручниот штаб на ПСЖ под раководство на Карло Анчелоти.

Сека Макелеле го прифати повикот на Клемет повторно заедно да работат и во Свонси.

Беше и во Бастија тренер, но после само 6 месеци доби отказ.

Тој добро се покажа во ПСЖ од 2011 до 2013, па затоа и Клемент реши повторно да го повика.