Голеада во Торино – Бомба на Дибала и победа на Јувентус против Аталанта (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус славеа со 3:2 на домашен терен во натпревар од 1/8 финалето од купот на Италија против Аталанта.

Аталанта издржа до 22-ра минута кога Пауло Дибала постигна фантастичен погодок од далечина за водство на Јувентус. Се играше 34-та минута кога Пауло Дибала му додаде на Марио Манџукиќ кој ја затресе мрежата на Аталанта по втор пат на натпреварот, 2:0.

Во второто полувреме Аталанта успеа да го намали резултатот на 2:1. Конко постигна фантастичен погодок. На семафорот 2:1 стоеше само три минути бидејќи судијата досуди пенал за Јувентус. Миралем Пјаниќ во 75-та минута го врати водството на Јувентус од  два погодоци. Девет минути пред крајот на натпреварот резервата Лате Лат намали на 3:2. На крајот Јувентус победи и се пласира во четвртфинале.

Од 1/8 финалето од купот на Италија се одигра уште еден натпревар денес. Фиорентина на Артемио Франки минимално го совлада Киево, 1:0. Во второто полувреме Фиорентина остана со фудбалер помалку на теренот бидејќи црвен картон доби Зарате. До победа домашните стигнаа во 93-та минута кога Бернардески од пенал погоди за победа и пласман во 1/4 финале на својот тим.