Деби и веднаш гол: Заха постигна гол за новата репрезентација


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Кристал Палас, Вилфрид Заха постигна гол за Брегот на слоновата коска.

Тие со 3:0 ја победија Уганда во пријателски натпревар, а во стрелците се запиша и Заха.

Тој постигна гол за 2:0, а претходно Коди во 51-та минута беше стрелец за водство од 1:0 додека конечните 3:0 беа поставени во 72-та минута.

Брегот на слоновата коска се подготвува за Африканскиот куп на Нации и Заха е вистинско засилување за оваа репрезентација.

Да потсетиме, претходно Заха ја одби репрезентацијата на Англија.