АТП Оукленд: Иснер падна пред Џонсон, Багдатис сигурен во себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во ¼-финале на АТП турнирот во Оукленд имаше многу возбудувања.

Дуелот на двајцата Американци, Стив Џонсон и Џон Иснер донесе многу квалитетен тенис.

Џонсон победи во овој натпревар со 2:1 во сетови, односно 6:3, 5:7 и 7:6 со што ја отвори врата од ½-финалето.

Во вториот натпревар Багдатис беше подобар од Весели со 2:0 во сетови.

Португалецот Соуса немаше проблеми против Робин Хасе, па успеа да го победи со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6.2.

Сок стигна до победа против Жарди со голем пресврт и 2:1 во сетови, односно 5:7, 6:4 и 6:3.