„Конор зборува дека сака да се бори со мене, па ајде да го направиме тоа!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дуелот помеѓу Флојд Мејведер и Конор МекГрегор е тоа што го сакаат љубителите на боречките вештини.

Флојд од рингот се повлече во 2015 година, а сега тврди дека е најдобар на сите времиња. Сам за себе тврди дека е поголем и од Мухамед Али.

Дуелот со МекГрегор сигурно би ги срушил сите рекорди на гледаност, но и кога е заработката во прашање.

Веќе одамна траат провокациите од двете страни, а сега Мејведер гостуваше во „ЕСПН“ и зборуваше за таа борба.

„Се обидуваме да организираме натпревар против Конор и сите знаат која е мојата цена. Тоа се 100 милиони долари. Јас сум прва класа и навистина не знам колку тој до сега има заработувано, но се сомневам дека ММА борба може да добие повеќе од 10 милиони долари.“

„Ние сме подготвени да платиме 15 милиони и тогаш да разговараме за поделба на заработката од ТВ правата. Секако тука мојот тим би имал превласт. Не знам како човек може да споменува 20 или 30 кога нема заработено ниту 8 или 9.“

„Конор на сите им зборува дека сака да се бори, па ајде да го направиме тоа. Отворено му го нудам ова и на УФЦ, односно Вајт. Донесете го во светот на боксот, а јас ќе му покажам како е таму навистина.“