Историскиот погодок на спасителот Карим Бензема (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ремизираа на Рамон Санчез Пискуан против Севиља, 3:3 во натпревар од 1/8 финалето од купот на кралот и се пласираа во 1/4 финале.

Кралевите стартуваа лошо бидејќи Данило во 10-та минута постигна автогол за водство на Севиља. Асенсио израмни на почетокот на второто полувреме. Јоветиќ и Ибора погодија за 3:1. Серхио Рамос од пенал постигна паненка погодок за намалување на водството на андалузијците. Конечните 3:3 ги постави Карим Бензема чиј погодок беше историски за Реал Мадрид.

Бензема во финишот на натпреварот го спаси Реал Мадрид од пораз, но и неговиот погодок беше многу важен за рекордот за клубот. Реал Мадрид е првиот шпански клуб кој на 40 натпревари не запиша пораз.