Рели Дакар: Петерхансел и Сандерленд пред победи во Дакар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Себастијан Лоеб стигна до 4-та победа по етапи во Дакар, триумфот во 11-та етапа и продолжување на притисокот врз лидерот Стефан Петерхансел.

Лоеб во петок победи со 18 секунди предност против својот сонародник и колега од Пежо, кој пред последниот ден од релито имаше 5 и пол минути предност во вкупниот пласман.

Во конкуренција на мотори, Сем Сандерленд се наоѓа на чекор до победата на Дакар по победата против Пол Гонзалвеш во петокот.

Сандерленд пред последниот ден на трката има 33 минути предност пред својот конкурент Матијал Волкнер од Австрија, а 37 од Адријен ван Беверен.

Дакар завршува денес со епата од 786 км, а целта е во Буенос Аирес.