Ѓорческа во полуфинале во Штутгарт – Каваљ Ремерс декласирана од македонската тенисерка


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се пласира во полуфиналето на ИТФ Штутгарт откако денес ја совлада шпанската тенисерка, Ивон Каваљ Ремерс со 2:0 во сетови.

Ѓорческа за 1 час игра со 6:1 и 6:0 ја декласира Ремерс и обезбеди полуфинале.

Во полуфиналето ќе игра против подобрата од натпреварот Малечкова – Заја. Вреди да се спомне дека Ѓорчека ќе игра и полуфинале во двојки.