Филип Талески – Првенството за нас започнува против Словенија

0

Денес, нашата репрезентација успеа да ја победи Ангола со 31:22 и така стигна до 2-та победа на СП во Франција.

Талески во овој натпревар не играше најдобро во нападот, но сепак изигра доволно за да стигне Македонија до победа.

„За нас сега започнува првенството, имаме три натпревари со најдобрите тимови во групата. Многу се потрошивме, но подготвени сме, во Маврово минавме добар период на подготовки и има енергија во нас.“

Македонија ќе игра против Словенија во понеделник од 17:45.

Share.