Лино Червар – Задоволен сум, две победи во два натпревари!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата репрезентација успеа да стигне до втората победа во вториот натпревар и така да се израмни на таблата во група Б со Словенија и Шпанија.

„Малку опуштено влеговме во мечот, а јас ги предупредив ракометарите дека секој натпревар е тежок, бидејќи ова е СП. Промашивме некои  зицери и влезе некоја нервоза во играта. Сепак на крај е важно тоа што победивме бидејќи бодовите се памтат и сметаат, а не играта.“

„Задоволен сум, четири бодови по два дуели. Сега е многу полесно да се дише кога знаеме дека имаме максимален број на бодови. Одиме понатаму, никогаш не смееме да се предадеме и одиме на победа во следниот меч. Македонското срце мора да победи на еден од следните три натпревари“

Сега следува пауза од еден ден за ракометарите, а потоа пеколен натпревар против Словенија во понеделник од 17:45.