Миланисти, новата ера започнува на 7 јули!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изгледа нема дилеми, наредната недела Милан започнува ново поглавје во својата богата историја.

Италијанските медиуми тврдат дека работата е завршена.

Салваторе Галајото кој во име на кинескиот конзорциум преговара со Берлускони успеа да пронајде договор и целата работа ќе биде завршена на 7 јули кога “Росонерите” ги започнуваат припремите.

Имено, тогаш ќе биде претставен и новиот менаџер Виченцо Монтела, но и новите сопственици кои најавуваат големи засилувања што би требало да придонесе за поголема продажба на сезонските карти.

Берлускони ќе продаде 80% од акциите, а во наредните три години и останатите 20%. Навивачите ги интересира преодниот рок, а сега освен тренерот кој е еден вид на компромис пристигна и Лападула од Перскара.
Сепак, оние вистински засилува што туку следат, би требало да бидат вложение околу 100 милиони евра.

Деталите од договорот сеуште не се познати, но наводно Кинезите се обврзале да вложат повеќе од 400 милиони евра во наредните три години, но и да изградат нов стадион.

Во секој случај се би требало да биде подобро од моменталната ситуација, а ова лето ќе биде запаметено по тоа што двата клубови од Милано добија кинески сопственици.