„На интернет видов за понудата која ја добив“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Борусија од Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг нема намера да го напушти германскиот клуб.

Иако габонскиот фудбалер често се поврзуваше со премин во Реал Мадрид, тој за тоа не сака да зборува премногу, бидејќи за него постои само Борусија.

„Засега сакам да останам. Милсма дека приказните за премин во Реал се безпотребни. Во Борусија се поголеми предизвиците и тоа ми е убаво. Не сме како Реал, Барса или Баерн, но во тоа е целата убавина“, рече Обамејанг.

Се наврати одличниот напаѓач и на понудата од Кина. Шангај СИПГ наводно е спремен да понуди 41 милиони евра годишно.  Интересен е начинот на кој слушнал и видел за понудата од Кина.

„Бев на одмор кога мојот брат ме повика, и ме праша дали сум ја видел понудата. Погледнав на интерет и се запрепастив. Убаво е да знаеш дека луѓето за вас сакаат да издвојат толку пари, но не знам колку има вистина во се тоа. Искрено, не обраќам внимание“, истакна Обамејанг.

Одличниот напаѓач моментално се селекцијата на Габон е на АКН, на кој се и домаќини.