„Не треба да играме збркано против посилните екипи“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонија го доби првиот пораз на СП во Франција, и тоа од Словенија со резултат 29:22.

Лино Червар изјави дека против силните екипи треба буквално да се остави срце на терен, а не да се игра како прв пат да се наоѓаат играчите на терен.

„Имавме проблеми со нашата одбрана од самиот старт, нашата одбрана не беше доволно спремна да ги сопре нивните напаѓачи. Словенците имаа многу повеќе опции, исфорсираните  шутеви лесно ги користеа.“

„Миркуловски брзо го загубивме, не можевме да го користиме Велко во двата правци, а во вториот дел им дадовме шанси за помладите ракометари. Не треба ни премногу да анализираме, самиот почеток беше најава. Мислам дека мечот почна со брутален прекршок врз Георгиевски, кој требаше да биде казнет со црвен картон. Словенците ни наметнаа ритам кој нам не ни одговара. Шутиравме пребрго, игравме одбрана 5-1, па сменивме 6-0, но и тоа не беше многу добро. Многу промашивме од секаде, посебно крилата, па дури и седмерци. Заслужено загубивме, можевме подобро да одиграме, но мора да се собереме и да ги освежиме главите. Треба да ја земеме работата во свои раце, да оздрави Миркуловски, тој ни е многу важен. Словенците се сепак подобри, нашите ракометари имаа педесетина натпревари, а словенечките илјада во рацете и нозете. Тие можат без проблем да ротираат два тима, а ние без Миркуловски сме на „апарати“. Но, тоа не е алиби ние да играме како што игравме. Послабата екипа на хартија мораа да „гине“, како што „гинеше“ Исланд против Словенија. Ние игравме зрбкано и тоа беше видливо“, истакна на прес-конференцијата Червар.“ – изјави Лино Червар на прес-конференцијата за медиумите по натпреварот.

Следниот дуел го играме против Шпанија во среда.