Германија ја потопи Саудиска Арабија, Јанц за реми на Словенија против Тунис и пласман на Македонија во 1/8 финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште два од натпревари се одиграа на СП во Франција, еден од третото коло и еден од четвртото коло.

Репрезентацијата на Германија ја декласира Саудиска Арабија во натпревар од третото коло од групата Ц, 38:24

Германија доминираше од почетокот на натпреварот. После единаесет минути игра имаа водство, 8:4.

Тоа водство се зголемуваше до крајот на полувреме, а стигна до осум погодоци, 21:13.

Во 35-та минута германците стигнаа до првата двоцифрена предност на натпреварот, 25:15.

Германија на крајот славеше со 38:24 за трета победа на ова СП. Стефан Фет беше најефикасен со 6 погодоци. Патрик Грецки, Каи Хафнер и Џулиус Кун постигнаа по 5 погодоци. Мохамед Алабас кај Саудиска Арабија беше најефикасен со 6 погодоци.

 

 

Словенија ремизираше со Тунис во натпревар од четвртото коло од групата Б, 28:28.

Санаи, Тоуми и Теж погодија за 4:6. Словенците набрзина направија пресврт и стигнаа до 8:6.

Словенците го одржуваа водството во првото полувреме и со два погодоци предност заминаа на полувреме, 15:13.

Двата брзи погодоци на Санаи донесоа израмнување на стартот на второто полувреме, 15:15. Тунис стигна во водство во 33-та минута со погодокот на Тоуми, 16:17.

Трите погодоци во низа на словенците донесоа водство од 19:17. Тунижаните се вратија во водство, 19:21.

Тунижаните со два погодоци во низа стигнаа до три погодоци предност, 20:23. Десет минути пред крајот на натпреварот Тунис имаше водство од четири погодоци, 22:26.

Зарабец со два погодоци и Цингесар со еден погодок намалија на еден погодок негатива една минута пред крајот на натпреварот, 27:28. Блаж Јанц во последната минута ја спаси Словенија од пораз, 28:28.

Санаи со 8 погодоци беше најефикасен кај Тунис. Вид Кавтичник беше најефикасен во Словенија со 7 погодоци.

Ремито на овој натпревар значеше и пласман во 1/8 финале на репрезентацијата на Македонија.