Лазаров – Одиме по историја против Норвешка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија против Исланд ремизираше, 27:27 и заврши како трета во групата Б.

Капитенот, Кире Лазаров по натпреварот даде изјава.

„Денес го извлековме максимумот. Ова беше тежок натпревар, но ние верувавме до крај и успеавме. Не се израдував јас бидејќи ме загржија повредите на Манасков и Миркуловски. Треба два дена да одмориме и да се спремиме да направиме историја против Норвешка“, изјави Лазаров.

Натпреварот против Норвешка се игра од 16:00 часот.