Победи на Кливленд и Минесота


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 5 натпревари во НБА лигата.

Кливленд успеа на домашен терен да победи против Феникс со 118:103 со добра игра на Ирвинг и Џејмс. Плејмејкерот постигна 26 поени и 4 асистенции додека Џејмс имаше 21 поен, 15 асистенции и 9 украдени топки.

Минесоста во гости го победи Клиперс со 104:101. Таунс имаше одлична ноќ со 37 поени, 12 скокови и 5 асистенции.

Останати резултати:

Мајами – Далас 99:95
Њујорк – Вашингтон 110:113
Сан Антонио – Денвер 108:104