Мастерс Лондон: Рони О`Саливан се пласираше во финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рони се пласираше во финале во Лондон, турнир на кој го брани трофејот од минатата година.

Легендарниот снукер играч денес во ½-финале го победи Марко Фу со 6:4 по фрејмови и заслужено се пласираше во финале.

Фу одлично влезе во натпреварот и водеше со 4:3, но Рони успешно направи пресврт и успеа да победи.

Во финалето тој ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Џо Пери и Бери Хокинс.