Легендата се враќа во фудбалскиот свет – Роналдињо си најде клуб!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдињо најде нов клуб, а станува збор за Коритиба.

Се зборуваше дека тој ќе потпише за Насионал, но на крајот одлучи да остане во Бразил и ќе потпише договор со Коритиба.

Тој годишно ќе заработува по 1 милион евра, а клубот ќе му осигура куќа во близина на тренинг кампот, како и осигурување.

Легендарниот Бразилец во Европа играше за ПСЖ, Барселона, Милан, а потоа се врати во Бразил каде што играше за Фламенго и Атлетико Минеиро.