Да не ви се верува – Нианг си го уништи трансферот во ПЛ?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, М`Баје Нианг требаше во наредните часови да стане фудбалер на Вотфорд.

Иако се изгледаше готово и дека Милан до крајот на сезоната ќе добие половина милион евра за позајмицата, со откупна клаузула од 18 милиони евра ако овој напаѓач постигне 10 голови во ПЛ, тој одлучи да го уништи договорот.

Французинот побарал нови преговори за финансискиот дел за себе. Наводно, барал 87 илјади евра неделно, а тоа е голема сума за тимот од Лондон.

Претходно се беше договорено помеѓу Милан и Вотфорд, но по се изгледа дека играчот ќе го уништи овој трансфер и сепак нема да го гледаме во ПЛ.

Тој е член на Милан од 2012 година.