АО: Без милост кон постарата сестра – Серена го освои Мелбурн!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра финалето во женска конкуренција помеѓу сестрите Вилијамс, Венус и Серена.

Натпреварот започна со многу брејкови. На почетокот на првиот сет и двете тенисери го губеа својот сервис се до 3:2 кога поведе Венус, но во продолжение Серена беше подобра и успеа да направи уште еден брејк со кој го реши сетот со 6:4.

Во вториот сет видовме израмнета борба на двете страни, а неколку брејк шанси не искористи Серена во 3-от гејм, но натпреварот беше решен во 7-от гејм кога успеа да направи брејк на сервисот на својата сестра и потоа со сигурен сервис го освои и вториот сет со 6:4.

Ова ќе биде 23-та титула на Грен Слем турнирите на Серена Вилијамс.