ПСЖ без Верати во наредните 2 недели


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер Марко Верати се повреди на синоќешниот тренинг на ПСЖ.

Моменталните прогнози зборуваат дека Верати поради повреда ќе мора од теренот да отсуствува околу две недели.

Тоа значи дека овој мал играч за врска ќе го пропушти утрешниот многу важен меч со ПСЖ на домашен терен против Монако.

Доколку ПСЖ победи на тој натпревар, ќе се израмни со Кнежевците на табелата на Лига 1.

Освен тој меч, Верат итреба да го пропушти и мечот од Купот на Франција против Рен, и лигашките натпревари против Дижон и Лил.

Сепак, се чини дека треба да биде спремен за натпреварот од осмина финалето на ЛШ против Барселона кој е на распоредот на 14 февруари.