Херојски пресврт на Словенија – Вујовиќ и четата ја паднаа на колена Хрватска и ја освоија бронзата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Словенија ја победија Хрватска до 31:30 во натпреварот за третото место.

Натпреварот го започнаа добро и двете репрезентации. При резултат 3:2, хрватите направија серија од три погодоци за водство од 3:5. Дувњак и два пати Штрлек се запишаа во листата на стрелци.

Мандалиниќ и Хорват зголемија на 4:7 во десетата минута од натпреварот. Словенците преку Габер и Хенигман стигнаа до еден погодок негатива, 8:9.

Хрватите постигнаа три погодоци во серија. Хорват, Циндриќ и Мамиќ и донесоа на Хрватска водство од 8:12.

Двата погодоци на Шебетиќ ја зголемија предноста на Хрватска на шест погодоци, 11:16. Циндриќ до крајот на првото полувреме постигна два погодоци во низа за 12:18, а конечните 13:18 на полувреме ги постави Доленец.

Габер и Зарабец на почетокот на второто полувреме постигнаа два погодоци во низа за 15:18. Циндриќ, Шебетиќ, Штрлек и Дувњак постигнаа четири погодоци во низа за 15:22.

Хрватска имаше осум погодоци предност во 39-та минута кога Дувњак и Контрец постигнаа погодоци, 16:24. Словенците со двата погодоци на Благотиншек намалија на пет погодоци негатива, 21:26.

Јанц, Гребенц, Цингесар два пати и Мачкошвек четири минути пред крајот на натпреварот погодија за израмнување, 29:29. Јанц и Мачковшек му донесоа водство на Словенија, 31:30 со кои и заврши натпреварот.

Гаспер Маргуч, Дарко Цингесар и Марио Безјак постигнаа по 4 погодоци. Вардарецот Лука Циндриќ беше најефикасен во Хрватска со 7 погодоци.