Серена Вилијамс – Венус ми е испирација, без неа не би била тука!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Серена Вилијамс во финалето на АО ја победи Венус со 6:4 и 6:4 и така стигна до 23-та Грен Слем титула во кариерата.

„Би сакала да и се заблагодарам на Венус, таа е неверојатна личност, нема шанси да стигнам до бројот 23 ако не беше таа. Без неа не би ја освоила ниту првата титула. Таа е причина зошто сум тука. И благодарам многу затоа што ме инспирира.“

„Сигурна сум дека Венус ќе биде тука и наредната година. Не го сакам зборот `враќање` затоа што сметам дека таа не ни заминала.“