„Не сакам да бидам во управата на Пари Сен Жермен“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо рече денеска дека не сака да биде член на управата на Пари Сен Жермен, но дека смета дека е почесен амбасадор на тој клуб.

Тој ќе присуствува на денешниот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Монако, а бразилските медиуми пренесоа дека ќе добие почесен трофеј од парискиот клуб.

Роналдињо играше за Пари Сен Жермен од 2001 до 2013 година, а пред тоа кариерата ја почна во Гремио. Играше уште за Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.

Моментално преговара со бразилскиот клуб Коритиба.

„Немам намера да се приклучам на управата на својот поранешен клуб. Тоа не е за мене, не планирам такво нешто“, рече Роналдињо за радио РМЦ.

Запрашан дали би ја прифатил улогата на почесен амбасадор на Пари Сен Жермен, тој одговори дека тоа ќе му биде задоволство, но дека веќе сега се чувствува како амбасадор на клубот.

„Ме сметаат како поранешен играч на Пари Сен Жермен“, додаде триесет и шест годишниот Роналдињо,  познат по широката насмевка, но и на брзите нозете.

„Убаво е да се види во каква ситуација е сега клубот. Ова се други времиња, клубот претрпе големи промени (со доаѓањето на новите сопственици од Катар во 2011), но кога бев во Пари Сен Жермен, бев многу среќен“, наведе Роналдињо.

За репрезентацијата на Бразил одигра 97 натпревари и постигна 33 гола, освои СП во 2002 година, Коп на Америка (1999) и Куп на конфедерациите (2005). Златна топка освои во 2005 година и избран меѓу  100 најдобри фудбалери на светот.