Хендикеп за Њујорк – Ѕвездата ќе паузира една недела


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Плејмекерот на Њујорк, Дерик Роуз го повреди скочниот зглоб.

Го пропушти натпреварот со Атланта во неделата, а се шпекулира дека тој ќе паузира една недела.

Роуз се повреди во победата против Шарлот 110:107 во петок во „Медисон Сквер Гарден“, по што стапнка на ногата на Кемба Вокер на 4 минути пред крајот на третиот период.

Тој оваа сезона пропушти 5 натпревари, 4 поради проблеми до долниот дел од грбот, а еден поради „семејни проблеми“.

Поранешниот најдобар играч на лигата просечно постигнува по 17.9 поени, 4.4 асистенции и 3.9 скокови по натпревар.

Њујорк се на 11-то место на Исток со резултат 21-27 на две победи од плеј-оф позиција, а во наредните 7 денови играат Вашингтон, Бруклин и Кливленд.