„Ќе пробаме да им го загорчиме животот на Шпанците“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Чешка денеска во рамките на 1 коло од групата Д ќе игра против фаворизираната Шпанија.

Чешкиот ветеран и фудбалер на Арсенал Томас Росицки смета дека Шпанија е многу добар тим, но порачува дека неговата репрезентација нема да се предаде.

„Не е важно дали играме против Шпанија на почетокот или на крајот од групната фаза. Сеедно мораме да играме против нив. Навистина е посебно чувството да се заигра против Шпанија. Ќе направиме се да им го загорчиме животот“, рече Росицки.

Мечот меѓу Чешка и Шпанија почнува денеска од 15 часот.