Како пропадна преодниот рок на Челси!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ништо од плановите на Антонио Конте не е остварено.

Челси јануарскиот преоден рок го заврши без засилувања. Поточно, ги врати своите млади сили Нејтан Аке, Шарли Мусанда и Кенеди од позајмици, но тоа не е она на што се надеваа.

Се чини дека на Италијанецот му се повтори приказната од летото кога клубот премногу не го почитуваше што се однесува до трансфер политиката.

Тогаш Челси ги доведе Давид Луиз, Мичу Матшуаји, Нголо Канте и Маркос Алонсо, а само Шпанецот беше тренерска желба додека првите тројца беа зделки на клупската управа и директорот Еменал. Ни оваа зима Челси не ги испочитува барањата на Конте…

Во последниот ден од преодниот рок Сините бркаа неколку засилувања на повеќе позиции, но не успееја да доведат никого. Поради што Конте има уште повеќе причини да биде лут на клупските челници…

Дури шестмина фудбалери фигурираа како засилувања во последниот ден од преодниот рок, но никој од нив не дојде.

Да почнеме најзвучните желби.

Бингото на Челси можеше да биде феноменалниот Муса Дембеле од Селтик.

Селтик во летото го доведе Французинот без оштета, но оваа зима стави вето на негово продавање и одби дури 40 милиони евра.

Французинот во последниот ден од преодниот рок дури и отпатуа во Лондон, а официјално објаснување беше дека е на лекарски прегледи за коленото.

Се надеваше на зелено светло од Глазгов, но ништо… На крајот и влијанителните медиуми како Л`Екип и уште некои откријаа повикувајќи се на извори блиски на играчот дека Дембеле до последен момент чекаше од Селтик да се смилува, но не дочека.

Челси уште една рампа доби од шкотскиот клуб во последниот ден од од пазарот. Антонио Конте го сакаше искусниот и одличен Крег Гордон од Селтик како поддршка на Тибо Куртоа. Што би отворило простор за продажба на Асмир Беговиќ во Борнмут. Сакаше и Гордон да дојде бидејќи ова ќе му беше трансфер во кариерата, но Селтик не попушташе.

Прво одбиле 3 милиони, па 5 милиони. И Челси не сакаше да оди понатака…

Тоа би било премногу пари за 34-годишен голман кој е планиран како резерва.

Нудеа и 5 милиони евра за Сеад Колашинац на кого истекува договорот со Шалке, но бидејќи Германците не сакаа да го продадат Босанецот, Челси извиси и за оваа желба.

На крајот Јувентус постигна договор со левиот бек да се пресели во Торино на крајот на сезоната.

Во последниот ден од преодниот рок, Челси го „нападна“ и Антонио Кандрева од Интер. Италијанскиот играч за врска е миленик на Конте од времето кога соработуваше во репрезентацијата на Италија.

Прво Интер одби 27 милиони евра за Кандрева. Потоа ја зголемија понудата од 30 милиони евра во попладневните часови на 31 јануари. Беше тоа јасен сигнал дека Нероаѕурите во никој случај не го продаваат.

Во истото утро останаа пократки за уште еден фудбалер на Интер. Овој пат играчот беше тој кој испрати негативен одговор. Иако звучеше чудно, Џонатан Бијабиани кој не игра во Интер одби позајмица на Стенфорд Бриџ. Се надеваше на трансфер во некој помал клуб каде што ќе има поголема минутажа.

Очигледно дека Челси бараше засилувања во офанзивниот дел на средниот ред наместо Оскар, а после Дембеле, Кандева и Бијабијани, им пропадна и четвртата опција. Тоа е можеби и најчудна приказна.

Преселба на Стенфорд Бриџ одби полскиот играч за врска Павел Вшолек од Квинс Парк Ренџерс.

Тој првиот дел од сезоната го помина во тимот на Ренџерс на позајмица од Верона и наместо да ја прифати преселбата во Челси избра да остане на Лофтус Роуд поради тоа што КПР го откупи од италијанскиот клуб.

Така пропадна секој обид на Челси да доведе засилувања во последните часови од преодниот рок…