Вашингтон гази се по ред – Сакраменто го изненади Голден Стејт


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни 10 натпревари во НБА лигата.

Вашингтон беше подобар од Њу Орлеанс со 105:91 и така стигнаа до 17-та победа по ред на домашен терен. Најдобар во тимот беше Џон Вол со 24 поени, 13 асистенции и 5 украдени топки.

Актуелниот шампион Кливленд го победи Њу Јорк со 111:104, а најдобар во тимот беше Леброн Џејмс кој постигна 32 поени, 10 асистенции и 5 скокови. Најдобар кај Њу Јорк беше Брендон Џенинг со 23 поени и 10 асистенции.

Голден Стејт изгуби на продолженија од Сакраменто со 109:106, а Казнс постигна 32 поени, 12 скокови и 9 асистенции.

Останати резултати:

Атланта – Орландо 113:86
Индијана – Детроит 105:84
Мајами – Филаделфија 125:102
Сан Антонио – Денвер 121:97
Минесота – Мемфис 99:107
Јута – Шарлот 105:98