Русите и Швеѓанките беа најдобри во спринт во Пјонгчанг


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимовите на Русија и Шведска стигнаа до победи во Пјонгчанг во Светскиот куп во скијачко трчање.

Победата на Русите им ја донесе Андреј Парфенов и Глеб Ретивињ, кои на целта стигнаа со време од 19:34.11. Второ место беа Баптист Грос и Лука Шанава од Франција додека трет беше вториот тим на Русија.

Кај жените, најдобри беа Елин Молин и Марија Нордстрем од Шведска со време од 20.37.11. Норвежанките Ана Свендсен и Сиља Слинд беа втори, а трети беа скијачките од САД.

Светскиот куп во скијачко трчање продолжува во Отепји, во Естонија.