„Роси, Вињалес и Педроса се најопасни!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Возачот на Репсол Хонда се плаши од тандемот на Јамаха.

Шампионот во кралската класа, Марк Маркез повторно испрати коментари за Роси.

Шпанецот смета дека Вињалес е повеќе подготвен за освојување од Роси.

„Вињалес е подготвен да се бори за титулата и да ја освои. На тоа се подготвени и Доктор и Педроса. Лоренцо има тешкотии, но ова е неговиот почеток со Дукати.“

„Најтешко е да се победи Вињалес во борба за титулата. Многу е брз и има добро чувство на Јамаха. Не знам дали тој ќе биде поголема закана или Роси кој е гладен за победи.“

„Лоренцо ќе биде конкурентен на неколку трки. Тоа може да биде во Катар, на патеката каде што Дукати е многу брз. Во борба за освојување на титулата Јамаха ќе биде најголема закана.“