Напаѓач отворено се наметнува на Барселона, дали ќе реагираат?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Александер Лаказет блеска во дресот на Лион, но неговиот тим е далеку од титулата.

Лаказет постигна 18 погодоци досега во Лига 1, но Лион е дури 4ти после водечкото трио Монако, Ница и ПСЖ.

Токму поради тоа, Лаказет се поврзува со заминување, а тој во една прилика изјави дека сон му е да заигра за Барселона.

„Барса е голем глуб. Во нападот имаат вонземјани. Трансфер таму би ми бил остварување на големиот сон. Доколку заиграм таму, ќе биде тоа одлично за мене. Меѓутоа, несмеам да кажам дека ќе му го земам местото на Суарез во тимот. Тоа што сакам да го потврдам е дека сакам да играм во Барселона еден ден“- изјави Лаказет.