Голден Стејт беше сигурен против Мемфис – Грин влезе во историјата на НБА!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дрејмон Грин се запиша во историјата на НБА лигата, бидејќи стана првиот играч кој стигна до трипл-дабл без двоцифрен број на поени.

Играчот на Голден Стејт во победата против Мемфис од 122:107 постигна 4 поени, 12 скокови, 10 асистенции и 10 украдени топки. Томпсон кај Голден Стејт постигна 36 поени, а Кунли кај домаќините постигна 20 поени.

Мајами стигна до 13-та победа по ред, откако го победи Бруклин со 108:99. Најдобар беше Џонсон со 26 поени и 8 скокови во домашниот тим.

Останати резултати:

Сакраменто – Атланта 108:107
Детроит – Сан Антонио 92:103
Њу Јорк – Денвер 123:131
Милвоки – Лејкерс 114:122
Минесота – Њу Орлеанс 106:122
Вашингтон – Индијана 112:107
Феникс – Чикаго 115:97