Британец повторно ќе биде најскапиот фудбалер на светот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пол Погба е најскапиот фудбалер на светот од минатото лето кога го симна Герет Бејл од врвот.

Реал често рушеше рекорди, Фиго, Зидан, Роналдо па и Бејл.

И сега би можечле да сторат исто.

Деле Али би можела да биде новата звезда на престојниот трансфер период, дури и пред Антоан Гризман чија цена е околу 100 милиони евра.

Најдобриот млад фудбалер во Англија е на мета на Реал Мадрид и Баерн Минхен, а сега во трката влезе и Манчестер Сити.

Од Сити би можеле да понудат 120 милиони евра што е навистина добра понуда.

Таа понуда ќе ги стави во тесно првите луѓе на Тотенхем, и веќе се спремаат да му понудат плата од 150.000 фунти неделно, и во договорот да постават таква опција што нема да може да има повеќе од 100.000 плата неделна во друг клуб, тоа е единствен начин да се задржи.