„Тажен сум поради солзите на Џиџи“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба порача дека е среќен поради пласманот во полуфиналето на ЕП, но дека се чувствува лошо кога ќе го види својот соиграч од Јувентус, голманот на Италија Џанлука Буфон, како плаче после поразот од Германија.

Франција се пласира во полуфиналето на ЕП, на што е домаќин, поради тоа што ја победи Исланд со 5:2, а Погба беше еден од стрелците.

„Многу сум среќен што сме во полуфиналето. Не смеам да плачам…Среќен сум поради ова “, рече Погба.

Франција во полуфиналето, во четврток од 21:00 часот во Марсеј ќе играат против актуелниот светски шампион Германија.

Екипата на Јоаким Лев во сабота после пенали ја победија Италија и се пласираа меѓу четирите најдобри екипи. Во второто полуфинале во среда од 21:00 часот во Лион ќе играат Велс и Португалија.

Погба во Јувентус игра заедно со Џанлука Буфон, легендарниот голман на италијанската репрезентација.

Буфон тешко го поднесе поразот од пенали и плачеше после натпреварот со Германија.

„Се чувствував многу лошо кога видов дека Џиџи плаче. Тој е одличен голман, даде се од себе, како и целиот тим. Прикажаа добра игра, но тоа е фудбалот. Италија иамше фантастично ЕП, никој не очекуваше вака одлично издание на нивниот тим. Не сум среќен поради тие пенали поради што играм со нив во Италија и горд сум што играа добро“, заклучи Погба.