Батлер му пресуди на Бостон – Вашингтон беше сигурен против Индијана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во НБА лигата беа одиграни само 2 натпревари.

Вашингтон на гости ја победи Индијана со 111:98, а интересно е тоа што сите играчи од првиот тим на Вашингтон имаат двоен број на поени.

Најдобар беше Портер со 25 поени и 8 скокови.

Чикаго успеа да го победи Бостон со 104:103, со одличната игра на Џими Батлер.

Тој во последната секунда на натпреварот погоди 2 слободни фрлања и така донесе голема победа на својот  тим.

Средбата ја заврши со 29 поени и 7 асистенции.