Нож во грб за Гвардиола – Чави го откри новото засилување на Сити?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Барселона, Чави најверојатно го откри првото засилување на Сити за наредната сезона.

Чави откри дека Пеп го сака Вилшер, па најверојатно ќе го донесе во тимот.

„Знам дека Пеп го почитува Вилшер. Кога игравме против Арсенал во 2011 година, тој не импресионираше. Знам дека тој го сака во неговиот тим, често разговаравме за него, а единствен проблем му беа повредите. Да не беа тие повреди, тој ќе беше еден од најдобрите во светот.“

Повредите на Вилшер не му дозволија да покаже што знае, па тој оваа сезона игра на позајмица во Бурнмут.

Оваа сезона одигра вкупно 21 натпревар за тој ти, а од наредната сезона би можеле да го гледаме во дресот на Сити.