„Озил е жртвено јагне во Арсенал“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Германскиот фудбалер Озил се најде во немилост кај навивачите.

Најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал игра многу слабо оваа сезона.

Се погласни се шпекулациите дека тој ќе замине од Арсенал.

Наводно, Озил е подготвен да замине, но неговиот агент тврди дека играчот ќе даде се од себе додека е член на Арсенал.

„Месут е посветен на Арсенал. Нема сомнеж дека навивачите не можат да уживаат во подобрите резултати, но не е се до него.“

Критиките на негова сметка се големи, а агентот тврди дека Озил не е виновен за неуспехот на тимот.

„Нормално е да се критикува кога играат лошо. Месут е како жртвено јагне во случајов. Не може тој сам да игра и да го организира тимот кога ја нема топката.“

Озил оваа сезона постигна 9 голови и 8 асистенции во 29 натпревари.