Чилеанецот се разделува со Арсенал – Санчез си најде нов клуб?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алексис Санчез сака да го напушти тимот на Арсенал во лето.

Алексис е незадоволен од статусот во Лондон и има намера да замине наредното лето и наводно веќе ја одбрал новата дестинација.

Неговата желба е преминување во Серија А, од каде што има 2 понуди.

Интерес за неговите услуги покажаа Јувентус и Интер, а Јуве е фаворит за неговиот потпис.

Ако не замине во Италија, тогаш остнауваат ПСЖ и Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, по се изгледа дека денес е решена и последната дилема каде ќе замине, бидејќи замина на краток одмор во Италија.

Оваа сезона Алексис е единствена светла точка во дресот на Арсенал.

Постигна 20 голови и 16 асистенции во 33 натпревари.