Охрид демолиран во Кавадарци – Фени со 112 поени ги почасти охриѓани и се пласира во полуфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фени Индустри во вториот полуфинален натпревар од купот на Македонија го победи убедливо Охрид со 112:69.

Кошаркарите на Фени Индустри го започнаа подобро натпреварот. Чешковиќ со петте, Пајиќ со трите и Шарабидзе со двата поени му донесоа на Фени двоцифрено водство на натпреварот, 13:3. Четири поени во серија ја зголемија предност на Фени на дванаесет поени, 22:10. До крајот на првата четвртина Брукс погоди за Охрид, а на другата страна Магдевски за 24:12 после десет минути игра.

Арсовски, Михајловски и Брукс ја намалија негативата на Охрид на 6 поени, 24:18 на почетокот на втората четвртина. Фени преку Џекиќ и Шарабидзе ја врати двоцифрената предност, 30:19. Стајиќ и Џекиќ постигнаа по три поени во низа за водство на Фени, 36:22. Во последната минута од втората четвртина кошаркарите на Фени направија серија од 8 поени, а најзаслужен беше Чешковиќ кој погоди две тројки и една двојка, 50:29. Николовски пет секунди пред крајот на полувреме погоди за два и за водство од 52:31 на кавадарчани на полувреме.

Фени фуриозно ја започна третата четвртина. Серија од 11 поени за водство 61:33. Следуваше серија на кошаркарите на Фени од 11 поени, 73:41. Петровски и Марковски постигнаа пет поени во низа, 83:47 на една минута пред крајот на третата четвртина. Три секунди пред крајот на третата четвртина Марковски погоди тројка за 86:51 пред последните десет минути од натпреварот.

Николовски и Пајиќ во последната четвртина погодија тројки, 94:55. Кошаркарите на Фени Индустри доминирааа и во последната четвртина од натпреварот. Три минути пред крајот на натпреварот стигнаа до стотката, 100:59. До крајот кавадарчани ја зголемуваа предноста и победија со 112:69.

Чешковиќ постигна 20 поени во победата на Фени. Николовски додаде 18, Пајиќ 14, Шарабидзе и Џекиќ по 12, а Стајиќ 11 поени. Кај Охрид најефикасен натпреварот го заврши Брукс со 37 поени. Михајловски постигна 13 поени.

Фени Индустри во полуфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот МЗТ Скопје – Кожув.