Изговор или нешто друго – Рома не може да прави нов стадион поради ИСИС?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Навивачите на Рома се надеваат дека наскоро нивниот тим ќе го напушти „Олимпико“, па тој ќе заигра на нов стадион.

Управаата на Рома веќе неколку години се подготвуваат да започнат изработка на нов стадион за овој клуб да има конечно свој сопствен стадион.

Меѓутоа, откако е направен изгледот на стадионот, постојано се појавуваат проблеми.

Во Рим една страна се обидува да и помогне на Рома и да им ги даде сите дозволи за да почнат со изградбата, но сега проектот повторно е во мирување затоа што се појави нов проблем.

Според медиумите, некои страни и порачале на Рома дека сметаат дека е ризично да се започне изградба на стадион поради терористички закани.

Во Рома  се грижат за опасноста, па изјавија да престанат да ги малтретираат со такви измислувања на проблеми и да ги пуштат да градат стадион.