Имобиле задоволен од самиот себе!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Имобиле има постигнато 13 голови од почетокот на сезоната до сега, а последниот вчера во победата на Лацио над Емполи со 2:1.

„Работата се исплаќа и тоа го гледаат тие што разбираат. Среќен сум поради моите 13 голови, можеби не се многу но за мојот тим се доста важни“ – изјави Имобиле.

На први март Лацио игра 1/2 финале од купот на Италија против Рома, но Имобиле истакна дека пред тој натпревар Лацио игра важен дуел со Удинезе.

„Прво ќе размислуваме за Удинезе, не е убаво да се губат бодови а и сакаме да се вратиме на победничкиот пат на домашен терен. После ќе размислуваме за дербито“ – додаде Имобиле.