Серија А: Пескара со нов тренер до втора победа, Наполи и Интер до нови три бода!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер се мачеше скоро цел натпревар против Болоња но конечно во 81вата минута Габигол го постигна првиот гол во Серија А и тој гол му донесе нови три бода на Интер.

Наполи беше убедлив со 1:3 во гости кај екипата на Киево. Инсиње во 31вата и Хамшик во 38мата можеби и ја донесоа победата на Наполи уште во првото полувреме, а кога и во 58мата Зјелински погоди веќе беше сигурно дека Наполи си оди како победник. Меџирони во 72рата го постигна единствениот погодок за Киево.

Пескара со пет голови во мрежата на Ламана. И тоа 3 во првото полувреме. Првиот во 5тата минута беше автогол на Орбан, Потоа во 19тата Капари стрелаше за 2:0, а Бенали после 10тина минути за 3:0 на полувреме. Капари до крајот се запиша уште еднаш во листата на стрелци на 9 минути пред крајот, а на 2 минути пред крајот петардата ја донесе Сери.

Џенова губеше во Пескара, а во Џенова, Сампдорија ремизираше со Каљари. Исла го доведе Каљари до рано водство во 6тата минута, но радоста траеше 15 минути кога Кваљарела стрелаше и го донесе конечниот резултат.

Удинезе прокоцка победа во Удине. Имаше водство уште од 7мата минута со голот на Фофана, но Дефрел влезе во 66тата минута и за 10 минути го уништи Удинезе со два погодоци и го одведе својот Сасуоло до нова победа.

Вечерва играат Рома – Торино и Милан – Фиорентина.