„Не можеме да го замислиме тимот без него!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Интер испратија јасна порака за иднината на Иван Перишиќ.

За неговите услуги наводно беа заинтересирани Челси, Арсенал и Ливерпул, но од Интер јасно дадоа до знаење дека не планираат да го пуштат играчот.

„Не сакаме да го пуштиме, а мислиме дека ниту тој не сака да замине.“

Перишиќ се смета за важен играч на тимот и не планира да замине во скоро време.

„Тој е дел од големиот проект и ние не сакаме да ги продаваме своите играчи. Не можеме ниту да го замислиме тимот без Перишиќ. Не сакаме да ги продаваме своите играчи.“

Перишиќ оваа сезона во Серија А за тимот постигна 7 голови.

Во редовите на Интер дојде во 2015-та година од Волфсбург за 16 милиони евра.