Арсенал подготви вреден подарок за Сатон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Арсенал во осмина финалето на англискиот ФА Куп ја порази екипата на Сатон со 2:0 во гости.

Мечот го одбележаа неколку многу интересни детали, како ужината на резервниот голман на домашната екипа или заборавениот Тео Волкот кој не го донесе клупското знаме па капитенот на домашната екипа остана помалку тажен поради тоа.

Сепак, Арсенал покажа големина после мечот бидејќи челниците на овој лондонски клуб вети подарок од 50 000 фунти за својот синоќешен противник.

„Арсенал беше одличен и ќе ни помогне нас со училници. Ни ветија 50 000 фунти, а со нив имаме намера да купиме две училници. Тоа е одличен гест од нивна страна и многу им сме благодарни“, рече тренерот на Сатон Пол Досвел.