Уште еден рекорд на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо вечерва го израмни рекордот на Мишел Платини.

Португалија на Роналдо славеше со 2:0 против Велс и така се пласира во големото финале на ЕП.

Фудбалерот на Реал го постигна првиот погодок за Португалија, што му беше деветтти на Европските првенства.

Така Роналдо се израмни со Платини, кој го држеше водечкото место на најдобрите стрелци на ЕВРО со девет голови.

Тој од девет, три гола постигна на ова ЕВРО во Франција, а интересно е дека е единствен кој постигна погодок на четири различни ЕВРО.