„Мораме да ја заборавиме минатата сезона“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Лестер, Џејми Варди ги предупреди соиграчите дека мора да ја заборават минатата сезона и дека треба да се фокусираат на борбата за опстанок.

Лестер во 1/8-финале од ЛШ играат против Севиља. Во тој натпревар, тимот на Раниери влегува со шест порази на последните 8 натпревари.

„Мораме целосно да ја исфрлиме од глава минатата сезона и се што се случуваше. И сега имаме одредена цел која мораме да ја исполниме, таа линија која мора да ја преминеме, само што е малку поинаква од минатата сезона. Мораме да го оставиме срцето и душата на теренот.“

Лестер нема победа во 2017-та година и само еден бод има повеќе од опасната зона.