Ниту Казнс не можеше да им помогне на Њу Орлеанс!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ДеМаркус дебитираше за Њу Орлеанс против Хјустон, но тие беа поразени со 129:99. Хјустон беше доминантен во натпреварот. Дејвис постигна 29 поени додека Казнс на своето деби стигна до дабл-дабл, поточно 27 поени, 14 поени и 9 скокови.

Сакраменто беше поразен од Денвер со 116:100, а одличен беше Коули-Стеин кој постигна 29 поени и 10 скокови. Добро се покажаа и новите играчи кои стигнаа од Њу Орлеанс, односно Бади Хилд постигна 16 поени, а Еванс постигна 15.

Голден Стејт стигна до победа против Клоперс со 123:113. До финишот на натпреварот Клиперс беше во игра, но потоа следуваше серија на Голден Стејт и тие стигнаа до победа. Кари постигна 35 поени во натпреварот.

Кливленд го победија Њу Јорк со 119:104. Ирвинг со 23 поени беше најдобар во победничкиот тим додека Ли постигна 25 поени.

Останати резултати:

Орландо – Портланд 103:112
Детроит – Шарлот 114:108