Уште еден стратег го одби Лестер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Ирска, Мартин О’Нил демантираше дека ќе седне на клупата на Лестер.

Лисиците останаа без тренер откако го отпуштија Раниери поради лошите резултати.

Една од можните замени беше и Мартин О’Нил но тој тоа го демантираше.

„Имам доста работа со репрезентацијата. Имаме важни натпревари, сакам да видам дали ќе одиме на Светско или нема. Нема да седнам на местото на Раниери, моментално уживам овде“ – изјав и Мартин О’Нил.

Мартин О’Нил ги има тренирано Лестер од 1995 до 2000 година.