„Само стрпливо, може да станеме голем европски клуб“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем Маурио Покетино смета дека неговиот тим сеуште не е доволно зрел за трофеи.

Тотенхем во минатата сезона заврши на второто место позади Лестер, а во оваа сезона Спарси единствено можат да се надеваат на трофеј во ФА Куп.

„Мислам дека не очекува уште повеќе, но тоа е нормално по минатата сезона во која ја завршивме на второто место“, рече Покетино, па додаде:

„Сепак, не знам дали сме спремни за трофеј. Мораме да бидеме стрпливи. Но, изградивме темели, имаме нов тренинг центар, стадион, стануваме голем клуб и не треба да бидеме загрижени. На пат сме да станеме еден од најдобрите клубови во Европа. Треба да бидеме паметни и само да работиме, тоа се ќе си дојде на свое“.